На 24 октомври 2025 година, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија во координација со Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, по претходна судска наредба, извршија претрес во домот, други простории и товарно возило „Мерцедес“ сопственост на Б.Х. (51) од село Рашче, скопско.
При претресот беа пронајдени и одземени седум пиштоли, 14 рамки и 318 куршуми различен калибар. По целосно документирање на случајот, против Б.Х. ќе следува соодветна кривична пријава.































