Вечерва во селото Рашче, општина Сарај, се одвива голема полициска акција на СВР Скопје, при што учествуваат специјални единици на МВР.
Според досегашните информации, полициските службеници вршат претреси на повеќе локации во селото. Првичните податоци укажуваат дека е пронајдена поголема количина на оружје и муниција.
Од МВР и Обвинителството најавуваат дополнителни информации во текот на ноќта или рано утре.
Акцијата се спроведува во рамки на напорите за откривање и спречување на кривични дела и обезбедување на безбедноста на граѓаните.































