УТРО.мк

Камион удрил во банкина на скопската обиколница кон Куманово, возачот пренесен во болница

Камион удрил во банкина на скопската обиколница кон Куманово, возачот пренесен во болница
Vero

Поради сообраќајна несреќа во прекин е сообраќајот на скопската обиколница во правец кон Куманово, кај клучка Хиподром, возилата се пренасочуваат по автопатот Скопје-Велес

Денеска (24.10.2025) околу 09:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на скопската обиколница, кај клучка Хиподром, исклучок кон Куманово, товарно возило „мерцедес“ удрило во банкина. Со повреди се здобил возачот, кој е пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Поради преземање на мерки за отстранување на возилото од коловозот, сообраќајот во овој дел од автопатот е во прекин, а возилата се пренасочуваат преку автопатот Скопје-Велес.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран