УТРО.мк

Градскиот воз од Зелениково до Скопје ќе почне да функционира следното лето

Градскиот воз од Зелениково до Скопје ќе почне да функционира следното лето
Vero

Вицепремиерот Александар Николоски најави дека првата линија на новиот градски воз ќе биде готова за шест месеци и ќе овозможи редовен сообраќај од Зелениково до Нова Железничка во Скопје.

„Веќе почнавме со изградба на градски воз. Идејата е едноставна – да ги следиме примерите на модерните европски градови. Ја реконструираме постојната железничка инфраструктура и ќе ја користиме за градски сообраќај“, изјави Николоски во гостувањето на радио Лидер.

Новата градска железница ќе има три линии кои го поврзуваат целиот град. Првата линија ќе оди од Зелениково, преку Драчево, Лисиче, Кисела Вода, Аеродром, до Новата Железничка. Втората линија ќе се движи од Железничка кон Автокоманда, Маџари, Скопје Север, Бутел, Илинден и Петровец, а третата линија ќе води кон Ѓорче Петров.

Николоски посочи дека целта е првата делница да биде готова во инфраструктурна состојба, за да може да се користи интензивно и често, со што жителите на Скопје ќе добијат современо и ефикасно решение за градски сообраќај.

„Очекувам веќе следното лето да функционира првата линија од Зелениково до Нова Железничка“, додаде Николоски.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран