УТРО.мк

Луѓето над 60 години не смеат да ја прават оваа грешка кога се настинати

Луѓето над 60 години не смеат да ја прават оваа грешка кога се настинати
Vero

Иако обичната настинка ретко е опасна, кај лицата постари од 60 години може да предизвика сериозни последици, предупредуваат лекарите. Причината е што имунолошкиот систем со возраста слабee, а опоравувањето трае подолго.

Најчестата грешка што ја прават повозрасните, според докторката Сандра Петерсен, е недоволната хидратација. Водата го одржува телото и слузокожата влажни, овозможува полесно исфрлање на вирусите и помага на имунолошкиот систем да функционира правилно.

Дехидратацијата може да предизвика замор, главоболки, слабост, збунетост и дури хоспитализација, особено ако се јави и повраќање или дијареја. Докторката Рупа Сах додава дека без доволна течност се зголемува ризикот од бронхитис, синузитис и воспаление на белите дробови.

Стари лица често немаат чувство на жед, а лекови како диуретици дополнително ја намалуваат течноста во телото. Затоа лекарите препорачуваат најмалку 6 до 8 чаши вода дневно, а при настинка – уште една до две повеќе.

Се советува постепено пиење вода, билни чаеви, супи и бистри течности, додека кофеинот и алкохолот треба да се избегнуваат, бидејќи ја поттикнуваат дехидратацијата.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран