На 23.10.2025 година, околу 19:50 часот, на подрачјето на општина Центар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје привеле 21-годишен маж од Скопје, идентификуван како А.А., поради агресивно однесување кон полицајците додека тие извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против А.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти полицијата.






























