УТРО.мк

Коњановски ги вклучи граѓаните во креирањето на буџетските приоритети

Коњановски ги вклучи граѓаните во креирањето на буџетските приоритети
Vero

Во Битола денеска се одржа првиот од четирите предвидени буџетски форуми, со цел граѓаните активно да учествуваат во креирањето на општинскиот буџет и да ги посочат приоритетните проекти.

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, во своето обраќање нагласи дека транспарентното распоредување на буџетот со активно учество на граѓаните останува главен приоритет на општинската администрација.

„Заедно со Вас граѓаните, реализиравме голем број на проекти во изминатите четири години, а така ќе биде и во наредните четири. Повторно дел од Вашите идеи ќе бидат реализирани, а Вашите размислувања се дел од создавањето на заедничката успешна приказна за уште поголем развој на нашата општина“, истакна Коњановски.

На форумот присуствуваа раководители од општинската администрација, претставници на месните и урбаните заедници, невладиниот сектор, битолскиот Универзитет, како и сите граѓани кои сакаат да се вклучат во процесот на буџетирање.

На првата сесија беа дефинирани програмите кои ќе бидат разработени на следните две сесии, а учесниците ќе гласаат за конкретните предлози на последната, четврта сесија. Овој процес овозможува партиципативно граѓанско учество во креирањето и реализацијата на општинските програми и стратешки планови.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран