УТРО.мк

Прослава со истрели: Млад тетовец уапсен по видео објава на социјални мрежи

Прослава со истрели: Млад тетовец уапсен по видео објава на социјални мрежи
Vero

Семејна веселба во тетовското село Желино добила опасен тек откако 21-годишен жител на Голема Речица одлучил да „слави“ пукајќи во воздух од својот автомобил. Настанот бил снимен и објавен на социјалните мрежи, по што полицијата брзо реагирала.

Според информациите на МВР, младиот С.Ш. пукал со огнено оружје од патничко возило марка „БМВ“ со тетовски регистарски таблички. Инцидентот се случил вчера околу 10 часот наутро, додека осомничениот одел на семејна прослава во Желино. Неколку часа подоцна, по објавата на видеото, полициските службеници од СВР Тетово го уапсиле во 00:50 часот.

При претрес кај него бил пронајден и одземен пиштол „Зораки“, една празна рамка и кутија со 21 куршум, за кои немал дозвола. С.Ш. е задржан во полициска станица, а против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по целосното документирање на случајот.

Полицијата информира дека сличен инцидент бил регистриран и во селото Житоше, каде што двајца мажи — В.Е. (26) и Б.Е. (57) — биле приведени поради пукање со огнено оружје во текот на семејна веселба пред нивната куќа.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран