УТРО.мк

Млада девојка тешко повредена во сообраќајка кај Свети Николе

Млада девојка тешко повредена во сообраќајка кај Свети Николе
Vero

Рано утрово, околу 05:20 часот, на регионалниот пат кај селото Пеширово во светиниколско подрачје, се случила тешка сообраќајна несреќа во која 24-годишна девојка од селото Амзабегово се здобила со сериозни повреди.

Според информациите од МВР, возилото „Фолксваген Пасат“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од младата жена, излетало од коловозот под засега неутврдени околности.

Повредената М.К. била пренесена во Клиничката болница во Штип, каде што лекарите констатирале тешки телесни повреди. Полицијата извршила увид на местото на несреќата, а причините се утврдуваат.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран