УТРО.мк

ВИДЕО од МВР: Лихварска мрежа откриена во Скопје

ВИДЕО од МВР:  Лихварска мрежа откриена во Скопје
Vero

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, во координација со Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, спроведе акција во која се приведени единаесет лица осомничени за „лихварство“ и „перење пари“.

Според истрагата, од почетокот на 2022 година девет лица се здружиле во криминална група која давала заеми на граѓани со камати меѓу 5 и 15 проценти месечно. Искористувајќи ја тешката финансиска состојба на оштетените, осомничените барале високи камати, а кога должниците не можеле да вратат пари, ги приморувале да заложат или пренесат имот на нивно име.

Наплатата најчесто се вршела во готовина или преку банкарски сметки, а групата незаконски стекнала повеќе од 125 милиони денари, односно околу два милиони евра.

Полицијата открила дека дел од парите биле „испрани“ преку купување недвижности, возила и луксузни добра. Против вкупно 12 лица, меѓу кои и едно правно лице, е поднесена кривична пријава, а еден од осомничените – 35-годишниот Б.К. – е недостапен за органите на прогонот.



Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран