УТРО.мк

Проданоски: ВМРО е кодот на Македонија – нека ни е честит и вековит 23 Октомври

Проданоски: ВМРО е кодот на Македонија – нека ни е честит и вековит 23 Октомври
Vero

Новoизбраниот градоначалник на општина Прилеп, Дејан Проданоски, по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, упати честитка до граѓаните, истакнувајќи дека овој ден е симбол на почетокот на организираната борба на македонскиот народ за слобода и државност.

„Нека ни е честит и вековит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! Овој голем ден го славиме како симбол на почетокот на организираната македонска борба за слобода, автономија и создавање на самостојна држава“, порача Проданоски.

Тој потсети дека токму на 23 октомври 1893 година, во куќата на книжарот Иван Хаџи Николов во Солун, шестмина млади македонски патриоти – Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев – ја основале Македонската револуционерна организација, со што ја запалиле искрата што го осветли патот кон македонската слобода.

„Овој датум е темелот на нашето државотворно наследство и потсетник дека македонскиот народ низ вековите се бореше со достоинство и вера во својата слобода. Од Солун 1893, преку Илинден 1903 и Крушевската Република, па сè до Народноослободителната борба, оваа идеја живееше и прерасна во реалност – во самостојна и независна Македонија“, истакна Проданоски.

Во пораката тој додаде дека денес, повеќе од кога било, е важно да се негува духот на револуционерите, чиј идеал за обединета, горда и силна Македонија останува траен завет.

„Со длабока почит се поклонуваме пред делото на нашите револуционери, чии идеали и денес нè обединуваат. Да живее Македонија! ВМРО е кодот на Македонија!“, порача Проданоски.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран