Скопје – Вчера околу 15:45 часот, на подрачјето на општина Аеродром, Ј.Ц. (42) од Скопје бил физички нападнат по вербална расправија со својата колешка во спортска обложувалница.
Според МВР, по излегувањето од објектот, Ј.Ц. бил нападнат од М.Ж. и М.В., партнер на колешката. М.В. употребил тврд предмет при нападот и му го оштетил возилото на Ј.Ц.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.































