
ЈП „Тетово Транспорт“ информира дека граѓаните од сега можат да користат дигитални билети со QR код и RFID картички за урбаниот превоз во Тетово.
Преку апликацијата TE KLIK, граѓаните можат едноставно да аплицираат дигитален билет и да го користат јавниот превоз на ефикасен начин.
Достапни се следните категории:
Категорија I – Бесплатен превоз за граѓани кои ги имаат подмирено обврските кон Општина Тетово. Категорија J – Билет за ученици од основните и средните училишта. Категорија K – За институции и здруженија со договор за соработка.
Со воведувањето на новиот систем, старите категории се суспендираат, а аплицирањето се врши исклучиво преку апликацијата TE KLIK.
ЈП „Тетово Транспорт“ ја истакнува посветеноста на граѓаните и уредното функционирање на јавниот превоз.























