
Возењето беше уживање. Сакавме да ги видиме сите овие убавини што ни беа планирани и навистина ги видовме. Не бркавме бројки – раскажуваат двајцата велешани кои на велосипед го минаа Јадрн
За 27 дена, велешаните Коста Тахов и Баже Миров извозеа 2.700 км на велосипед, на тура околу Јадранот, како што самите ја нарекоа. Минаа низ десетина поголеми градови во седум држави. Возеа „гравел“ велосипеди. Ново животно искуство, нова авантура, ново доживување. Тргнале од Велес на 17 септември во 6 часот, а кругот го затвориле повторно во Велес на 14 октомври во 16 часот.
„Секогаш е предизвик да се одлучи каде може да се вози, каде да се отпатува, која тура да се извози и кое интересно место да се посети. Поинтересни се кружните тури бидејќи не се вози по истиот пат, по истата делница. Луѓето со кои досега сум возел имаа некои свои обврски, па случајно со Баже паднавме на муабет. Тој е понов бајкер и така, пред повеќе од една година, се роди идејата за возењето околу Јадран.
Психофизичките подготовки се поважни отколку само физичките. Мислевме турата да ја направиме напролет, но на крајот се случи наесен“, вели Тахов.
Започнале од Велес, преку Струга и Ќафасан, низ Албанија, преку Елбасан и Драч, од каде што со траект отпатувале до Бари во Италија.























