
Македонски државјанин (36), Србин (44) и Французин (28) се уапсени во Белград под сомнение дека со хакирање на ПОС-терминал измамиле продавница за техничка опрема и се стекнале со најновиот модел на „iPhone 18 Pro Max“ без да платат.
Според српското обвинителство, измамата била извршена на 16 октомври во продавница во Нов Белград. Францускиот државјанин, со помош на специјална картичка и софтвер, ја попречил комуникацијата со терминалот за плаќање, создавајќи впечаток дека трансакцијата е успешно завршена.
Телефонот, вреден повеќе од 450.000 динари, потоа му бил предаден на српскиот осомничен во автоцентар.
Тројцата се товарат за измама во соизвршителство, со која, според обвинителството, оствариле противправна имотна корист поголема од половина милион динари.
По сослушувањето, обвинителството побарало притвор за францускиот и македонскиот државјанин поради опасност од бегство, бидејќи немаат пријавено престојувалиште или живеалиште во Србија.























