УТРО.мк

Првите километри од автопатот Прилеп–Битола ќе бидат готови до 2026

Првите километри од автопатот Прилеп–Битола ќе бидат готови до 2026
Vero

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, денеска во Прилеп соопшти дека изградбата на автопатот Прилеп–Битола се одвива според планираната динамика. Првите 11 километри се очекува да бидат пуштени во употреба до крајот на 2026 година, додека целата траса од 40 километри ќе биде завршена кон крајот на 2027 или на почетокот на 2028 година, зависно од временските услови.

Николоски истакна дека автопатот ќе се поврзува со експресниот пат Градско–Дреново–Фариш, а се планира и дополнително поврзување од Фариш до Прилеп. Изведувач на проектот е компанијата „Бехтел и Енка“.

Министерот ја искористи посетата на Прилеп, каде присуствуваше на промоцијата на кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, за да ја презентира динамиката на инфраструктурните проекти во регионот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран