УТРО.мк

Русија ја преминува границата – НАТО активира „Источна стража“ за брза реакција

Русија ја преминува границата – НАТО активира „Источна стража“ за брза реакција
Vero

НАТО во петокот соопшти дека ја започнува операцијата „Источна стража“ за заштита на источното крило на Алијансата, поради руското нарушување на воздушниот простор на Полска.

„НАТО ја започнува мисијата ‘Источна стража’ за да го зајакне нашиот положај на источниот бок“, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, на заедничка прес-конференција со главниот командант на НАТО за Европа, американскиот генерал Алексус Г. Гринкевич.

Генералот Гринкевич додаде дека мисијата ќе започне во следните денови и ќе биде флексибилна и агилна, со фокус на одвраќање и одбрана точно кога и каде е потребно. Мисијата ќе вклучува дополнителни подобрени капацитети, интегрирана воздушна и копнена одбрана и зголемена размена на информации меѓу државите членки.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран