УТРО.мк

Стручњаците тестирале квалитет на путер: Еве кои да ги избегнувате, на листата и популарни марки

Стручњаците тестирале квалитет на путер: Еве кои да ги избегнувате, на листата и популарни марки
Vero

Истражување на реномираната организација Stiftung Warentest откри дека две од 30 тестирани марки путер не ги исполнуваат стандардите за квалитет. Стручњаците ги оценувале изгледот, мирисот, вкусот, текстурата, мазивоста, микробиолошката чистота и пакувањето, со посебен фокус на можни штетни материи како остатоци од дезинфекциони средства и минерални масла.

Путерите кои потфрлиле се:
• Alnatura слаткиот путер – оценет како „задоволително“, со забележано истекување на масло и вкус „старо“.
• Dairygold благо кисел ирски путер – оценет како „доволно“, со непријатен сирест-ужеглен мирис, микробиолошки неправилности и повисоко ниво на заситени минерални масла.

Стручњаците советуваат путерот да се чува во затворени садови од порцелан, стакло или пластика, никогаш во хартиена амбалажа, а може да се замрзнува на помали порции за зачувување на квалитетот. Домашниот путер, направен од слатка павлака со најмалку 30% маснотии, претставува здрава и сигурна алтернатива.

Најдобро оценети путери се:
• Благо кисел: Berchtesgadener Land и Weihenstephan
• Слатки: Lidl Milbona Bio
• Кисели: Schwarzwaldmilch и Hemme Milch

Се советува купувачите да го купуваат путерот на акции, да го замрзнуваат во оригиналната амбалажа и на маса да изнесуваат само количина која им е потребна, за да го зачуваат вкусот и текстурата. Резултатите покажуваат дека дури и кај познатите марки постојат значајни разлики во квалитетот, па внимателниот избор и правилното чување се клучни.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран