Мајка и ќерка приведени по физичка пресметка во Кавадарци
Во Кавадарци синоќа е нарушен јавниот ред и мир поради меѓусебна физичка пресметка меѓу мајка и ќерка, информира Секторот за внатрешни работи – Велес.
Според СВР – Велес, полициски службеници од ОВР – Кавадарци во 21 часот ја привеле Ј.Ч., 38-годишна жителка на Кавадарци, по претходна пријава дека таа и нејзината 65-годишна мајка О.А. пред угостителски објект го нарушиле јавниот ред и мир.
Од СВР нагласуваат дека Ј.Ч. агресивно се однесувала и кон полициските службеници кои постапувале по пријавата. Таа е задржана во полициска станица, а по документирање на настанот, против неа и мајка ѝ ќе бидат поднесени соодветни пријави.