Американската амбасада во Приштина денеска објави дека САД на неопределено време го суспендираат планираниот Стратешки дијалог со Косово, поради загриженост од дејствијата на техничката влада кои, според Вашингтон, ги зголемиле тензии и нестабилноста во земјата.
„Овие околности ја ограничуваат можноста на Соединетите Американски Држави продуктивно да соработуваат со Косово на заедничките приоритети,“ се наведува во соопштението.
САД остануваат посветени на заедничките интереси со косовскиот народ, а односите, како што нагласуваат, се темелат врз заедничка цел – зајакнување на мирот и стабилноста како основа за меѓусебен економски просперитет.
Амбасадата во Приштина прецизира дека неодамнешните постапки и изјави на техничкиот премиер Албин Курти претставуваат предизвик за напредокот што бил постигнат со години.
„Стратешкиот дијалог беше замислен да ги зајакне економските и дипломатските врски за добробит на американскиот и косовскиот народ. Се надеваме дека во иднина ќе можеме да ги продолжиме овие напори кога ќе има соодветни услови,“ се наведува во соопштението на амбасадата.
САД додаваат дека веруваат дека оваа цел останува приоритет и за граѓаните на Косово.
Embassy Pristina Statement Announcing Suspension of Strategic Dialogue with Kosovo
— U.S. Embassy Pristina (@USEmbPristina) September 12, 2025
September 12, 2025
The United States has indefinitely suspended its planned Strategic Dialogue with Kosovo due to concerns about caretaker government actions that have increased tensions and… pic.twitter.com/Y4h6wTbe07