На 12.09.2025 во 00:25 часот во с.Долно Палчиште, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го приведоа В.Б.(43) с.Долно Палчиште, постапувајќи по претходна пријава дека околу 01:05 часот го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон Б.Т. од истото село. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.