УТРО.мк

Трагедија во Русија – Има повредени и загинати

Трагедија во Русија – Има повредени и загинати
Vero

Три лица загинаа во несреќа со жичница на планината Елбрус, во руската република Кабардино-Балкарија, соопштија регионалните власти.

Според првичните информации, несреќата се случила поради паднат кабел од валјак на еден од потпирачите на жичарницата, која е управувана од приватна компанија. На жичарницата во моментот на инцидентот имало 37 лица, од кои 35 биле безбедно евакуирани, соопшти Министерството за вонредни ситуации на Русија.

Жртвите, според органите за спроведување на законот, се постар жител на Кабардино-Балкарија, жена на 35 години од Дагестан и жител на Москва, роден во 1967 година.

Шефот на Кабардино-Балкарија, Казбек Коков, изјави дека оваа трагедија е голем удар за регионот и најави дека истрагата ќе ги утврди точните причини и одговорностите за несреќата.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран