На 11.09.2025, во периодот од 12:00 до 14:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово, во соработка со Државна пазарна инспекција, Управа за јавни приходи и Државна трудова инспекција, извршија акциска контрола во неколку објекти во Тетово поради сомнение за посредување во проституција.
При контролата во угостителски објект на улица „Јане Сандански“, во 14:00 часот е уапсена Г.Ш.(41) од село Бојане, скопско, поради основано сомнение за сторено кривично дело по член 191 од Кривичниот законик. Во објектот е затекнат и управителот Г.Н.(59) од Тетово, при што од двајцата се одземени мобилни телефони.
Г.Ш. е задржана во полициска станица, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.