УТРО.мк

КАМЕРИТЕ ЌЕ „ЛОВАТ“ ОД 1 ЈАНУАРИ – повисоки глоби, негативни поени и одземање на возачка!

КАМЕРИТЕ ЌЕ „ЛОВАТ“ ОД 1 ЈАНУАРИ – повисоки глоби, негативни поени и одземање на возачка!
Vero

Собранието ги изгласа измените на Законот за безбедност на сообраќајот, со кои од 1 јануари следната година започнува автоматско казнување преку камери и технички уреди за снимање.

Новите правила предвидуваат дека прекршителите ќе добиваат не само глоби, туку и негативни поени – а во некои случаи и двете истовремено. Глобите за потешките прекршоци ќе бидат и до трипати повисоки од досегашните.

Измените носат и построги санкции за возачите со повеќекратни прекршоци: доколку во последните четири години имаат најмалку две правосилни забрани за управување со моторно возило, судот ќе им изрече престанок на важење на возачката дозвола. Во таков случај, возачот нема да може повторно да полага за истата категорија најмалку 12 месеци.

Со измените е целосно уреден и процесот на доставување на судските одлуки и соработката меѓу МВР и судовите, со цел побрзо и поефикасно санкционирање.

На седницата беа изгласани и закони со европско знаменце, меѓу кои измените во Законот за енергетска ефикасност, Законот за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај и Законот за пристапност на веб-страниците и мобилните апликации на јавните институции.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран