Битола деновиве доби уникатен подарок – пијано кое ќе биде достапно за сите граѓани. Градоначалникот Тони Коњановски истакна дека овој инструмент не е само музички, туку и симболичен, кој ќе свири на плоштадите, платоата и улиците, како дел од јавната култура.

Уметничката интервенција ја изработија Петар Томски – Whazz Djazz и Владимир Дади Ивановски, додека вечерта музичкото презентирање го обоија Алексeј Белевски, Анастасија Гичевска, Бранислав Николов, Вангел Мажевски и легендарниот фронтмен на „Фолтин“, Бранислав Николов.

Коњановски нагласи дека Битола преку овој гест ја покажува својата најголема сила – културата која ги обединува граѓаните, додека Халкбанк доби благодарност за поддршката и пораката „Седни ако си кабадаја“, покана за секој да стане дел од музиката на градот.
