УТРО.мк

Одбележана 83. годишнина од смртта на народниот херој Стив Наумов во Битола

Одбележана 83. годишнина од смртта на народниот херој Стив Наумов во Битола
Vero

Во организација на Сојузот на борци, денеска во Битола беше одбележана 83-та годишнина од смртта на народниот херој Стефан Наумов – Стив и Димитар Богоевски – Мите, кои загинаа на 12 септември 1942 година кај местото Болно, Ресенско.

Во церемонијата учествуваа градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, претставници на Советот на општина Битола, членови на фамилиите на хероите, претставници на политички партии и ученици од основното училиште „Стив Наумов“ од Битола.

Свежо цвеќе положија како знак на почит кон храброста и жртвата на Стив Наумов и Димитар Богоевски, чиј живот и дела остануваат запишани во историјата и во сеќавањата на македонскиот народ.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран