УТРО.мк

Крим-полиција истражува дали пожарот во „Дрисла“ е подметнат

Крим-полиција истражува дали пожарот во „Дрисла“ е подметнат
Vero

Криминалистичката полиција денеска разговара со вработените во депонијата „Дрисла“ за да утврди дали пожарот што изби пред неколку дена бил подметнат од внатре или, како што рече директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, некој преку ридиштата влегува со канта бензин.

„Горење со видлив оган нема, има само активно чадење кое значително е намалено. Се работи со засилена механизација за затрупување на просторот, но депонијата е лесно достапна за злонамерници. Дознавав и за најмалку три обиди за палење што биле брзо изгаснати“, изјави Ангелов.

Од ЈП „Дрисла“ апелираа до МВР да спроведе истрага и да ги санкционира, како што велат, потпалувачите на пожарите кои можеби имаат политички мотив. Во соопштението нагласија дека депонијата работи по највисоки стандарди и дека од 2022 година отпадот се обработува со автоклав, без согорување.

Премиерот Христијан Мицкоски, пак, посочи сомнеж дека пожарот е намерно предизвикан, наведувајќи дека во јавните претпријатија каде има кадри од ДУИ „се случуваат вакви работи“. „Чудно е како пожар кој беше речиси ставен под контрола одеднаш се распламти. Тоа ќе го истражиме и ќе обезбедиме докази“, изјави Мицкоски.

Депонијата „Дрисла“ е под надлежност на Град Скопје, а за в.д. директор во февруари беше назначен Самир Хусени. Претседател на Управниот одбор е Даме Димитровски, советник за животна средина на премиерот.

Извор: sdk.mk

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран