УТРО.мк

Проданоски: Убаво е кога спортот станува повод за хуманост

Проданоски: Убаво е кога спортот станува повод за хуманост
Vero

Градоначалникот на Општина Прилеп Дејан Проданоски истакна дека спортот може да биде силен двигател на хуманост и заедништво, по одржувањето на хуманитарната трка „Трка со срце“ во Прилеп.

На настанот, кој се одржа вчера на улиците во Прилеп, учествуваа голем број граѓани, рекреативци и љубители на спортот, со цел да се поддржи хуманитарна иницијатива и да се испрати порака за инклузивност и солидарност.

Проданоски посочи дека му претставувало чест и задоволство да биде дел од трката, нагласувајќи дека ваквите настани ја покажуваат обединетоста на заедницата околу благородни цели.

Тој упати благодарност до организаторот Ротаракт Клуб Прилеп, како и до сите учесници, волонтери и поддржувачи кои придонесоа за успешна реализација на настанот.

Средствата собрани од трката ќе бидат наменети за набавка на електромагнетен стимулатор за децата со посебни потреби кои го посетуваат Дневниот центар за лица со церебрална парализа во Прилеп.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin