УТРО.мк

Костадиноски: Продолжуваат градежните активности за нов локален пат во село Рогачево

Костадиноски: Продолжуваат градежните активности за нов локален пат во село Рогачево
Vero

Во село Рогачево интензивно продолжуваат градежните активности за реализација на значаен инфраструктурен проект, чија цел е подобрување на локалната патна мрежа и обезбедување подобри услови за живот на жителите.

Градоначалникот на Општина Јегуновце, Димитар Костадиноски, информира дека во оваа фаза се изведуваат работи на подготовка на теренот и тампонирање на трасата на новиот локален пат, со што се создаваат предуслови за негово квалитетно и долготрајно асфалтирање.

„Според предвидената динамика, во наредните денови ќе следува поставување на асфалтниот слој, по што жителите ќе добијат нов современ и безбеден пат. Ова ќе овозможи полесно и побрзо движење, подобра поврзаност и поквалитетни услови за секојдневниот живот“, истакна Костадиноски.

Тој додаде дека оваа инвестиција претставува уште еден чекор кон унапредување на инфраструктурата во Општина Јегуновце и потврда на заложбите на локалната самоуправа за рамномерен развој на сите населени места.

Со реализацијата на овој проект, жителите на Рогачево ќе добијат подобра патна инфраструктура, што ќе придонесе за поголема безбедност во сообраќајот и полесен пристап до секојдневните потреби.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin