УТРО.мк

Километарски колони на Евзони: Илјадници туристи заглавени со часови на границата

Километарски колони на Евзони: Илјадници туристи заглавени со часови на границата
Vero

Граничниот премин Богородица – Евзони и денес се соочува со огромен сообраќаен метеж, при што илјадници туристи чекаат со часови за влез во Грција, а долги колони се создаваат и на преминот кај Дојран.

Почетокот на летната туристичка сезона и зголемениот број патници по завршувањето на учебната година доведоа до сериозни застои на јужната граница. Уште од раните утрински часови, меѓуграничниот простор кај Евзони е целосно оптоварен со возила кои се движат со многу бавно темпо.

Патници на социјалните мрежи објавуваат фотографии и видеа на кои се гледаат долги редици автомобили, а задржувањата достигнуваат и по неколку часа. Според нивните сведоштва, чекањето во некои периоди трае од два до четири часа, што дополнително се влошува поради високите летни температури.

Како дополнителен фактор за забавување на протокот се посочува и новиот систем за гранични контроли, кој за патниците од земји надвор од Европската Унија значително ја продолжува процедурата на проверка и внесување податоци.

Слична ситуација е регистрирана и на граничниот премин Дојран, каде уште од вчера се формираат километарски колони возила, со долги задржувања при излез од земјата.

Во споредба со овие два премина, на граничниот премин Меџитлија кај Битола засега се забележува помал интензитет на сообраќај, поради што дел од патниците го избираат како поефикасна алтернатива.

Надлежните апелираат до возачите за трпеливост, навремено планирање на патувањата и следење на состојбата на граничните премини пред тргнување, со цел да се избегнат подолги задржувања.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin