УТРО.мк

Тетовската полиција со засилени сообраќајни контроли на повеќе локации

Тетовската полиција со засилени сообраќајни контроли на повеќе локации
Vero

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на СВР Тетово, при сообраќајни контроли санкционирани се повеќе лица поради управување возила пред да се стекнат со право на управување (без возачка дозвола), со што сториле кривично дело „безобѕирно управување на моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик:

На 14.06.2026 во 14:30 часот на ул.„Браќа Миладинови“ во Тетово, сопрено е возило „рено“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 17-годишник од с.Копанце. Лицето е лишено од слобода, а возилото е одземено.

На 14.06.2026 во 14:50 часот на магистрален пат Гостивар-Стража, кај Новоселски мост, сопрено е патничко возило „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Е.М.(32) од с.Врапчиште, кој го управувал без возачка дозвола. Лицето е лишено од слобода, а возилото е одземено. 

На 14.06.2026 во 20:40 часот на ул.„Иво Рибар Лола“ во Тетово, сопрен е мопед со тетовски регистарски ознаки, управуван од Р.Ш.(18) од Тетово без возачка дозвола. Тој е лишен од слобода, а мопедот е задржан. 

На 14.06.2026 во 18:35 часот на ул. „Киро Ристовски Дрнц“ во Тетово, од слобода бил лишен 17-годишен малолетник од Тетово кој управувал мопед „априлија“ без возачка дозвола. Во присуство на родител, инспектор за малолетничка деликвенција и адвокат по службена должност, извршен е службен разговор со малолетникот, а возилото е задржано.

По документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin