УТРО.мк

Возел 244 км/ч на автопатот Скопје–Гевгелија

Возел 244 км/ч на автопатот Скопје–Гевгелија
Vero

На автопатот Скопје – Гевгелија, кај селото Милетково во гевгелискиот регион, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија лишиле од слобода 21-годишник од скопското село Батинци, откако бил фатен како управува возило со екстремно висока брзина.

Според информациите од МВР, инцидентот се случил синоќа околу 20:00 часот, кога при сообраќајна контрола со радар било констатирано дека И.Р. управувал патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски таблички со брзина од 244 километри на час.

На делницата каде што е поставено ограничување на брзината од 120 километри на час, возачот речиси двојно ја надминал дозволената брзина, што претставува сериозно загрозување на безбедноста во сообраќајот.

Полицијата го привела возачот на лице место, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава против него.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin