УТРО.мк

Планирани прекини на струја во Тетовско утре: Без напојување ќе бидат повеќе тетовски села

Планирани прекини на струја во Тетовско утре: Без напојување ќе бидат повеќе тетовски села
Vero

ТЕТОВО – Поради најавени технички активности во дистрибутивната мрежа, утре, вторник 16 јуни 2026 година, неколку населени места во Тетовскиот регион ќе останат без електрична енергија.

Според распоредот на Електродистрибуција, прекините ќе започнат од 09:00 часот наутро и во одредени места ќе траат повеќе од пет часа.

Распоред на исклучувања за 16.06.2026 во Тетовско:

  • ПИРОК: од 09:00 до 14:00 часот ќе бидат зафатени објекти кои се наоѓаат во центарот на селото. Дополнителен прекин ќе има од 09:00 до 12:41 часот за дел од с. Пирок на влез од автопат.
  • ГАЈРЕ: од 09:00 до 14:30 часот. Прекин ќе има во самото село, како и во Мали ХЕЦ.
  • ТЕТОВО – ПОПОВА ШАПКА: од 09:00 до 14:30 часот.
  • ЛИСЕЦ: од 09:00 до 14:30 часот.
  • БОГОВИЊЕ: од 09:30 до 14:00 часот ќе биде зафатен дел од селото.

Од надлежните служби апелираат граѓаните и фирмите навреме да ги исклучат чувствителните електрични уреди и да ги прилагодат дневните обврски. Зафатите се дел од редовните активности за одржување и модернизација на мрежата со цел постабилно снабдување во иднина.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin