УТРО.мк

Вложил 730.000 долари на натпреварот Германија – Курасао. Еве колку заработи

Вложил 730.000 долари на натпреварот Германија – Курасао. Еве колку заработи
Vero

Необичен облог привлече внимание во светските спортски и финансиски медиуми, откако еден корисник на платформата Polymarket вложил дури 730.000 долари на натпреварот меѓу Германија и Курасао, верувајќи дека фаворитот без проблем ќе слави победа.

Иако Курасао изненади со рано израмнување преку Ливано Комененсија, Германија брзо ја презеде контролата и на полувреме веќе водеше со 3:1. Во продолжението тимот на Јулијан Нагелсман ја потврди доминацијата и забележа убедлива победа, со голови на неколку клучни играчи.

Според објавите од платформата, облогот бил поставен на тоа дека Курасао нема да победи, а исплатата изнесувала 746.357 долари. Тоа значи дека добивката на обложувачот е околу 16.357 долари, иако ризикувал износ од над 700.000 долари.

Случајот повторно ја отвори дебатата за високо-ризичните обложувања, каде огромни суми се вложуваат за релативно мала добивка, но со многу висок степен на сигурност во исходот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin