
Еден обложувач доживеа вистински шок откако загуби милион долари по неочекуваниот пораз на Шпанија од Зеленортските Острови.
Според информациите, неименуваниот играч на платформата „Polymarket“ уплатил дури 1.000.000 долари на победа на шпанската репрезентација. Доколку Шпанија ја оправдала фаворитската улога, неговата добивка ќе изнесувала 1.085.943,48 долари, што значи дека чистата заработка би била нешто повеќе од 85.000 долари.
Сепак, огромниот ризик не му се исплател. Фудбалерите на Зеленортските Острови одиграа дисциплинирано и инспирирано, приредувајќи една од најголемите сензации во историјата и оставајќи ги во неверување и шпанските навивачи, но и обложувачот кој остана без вложениот милион долари.
Овој натпревар уште еднаш покажа дека во спортот фаворитската улога не е гаранција за победа и дека дури и најголемите репрезентации можат да бидат изненадени кога тоа најмалку се очекува.

















