УТРО.мк

Преземени институционални мерки по пријава за проблем во станбена зграда во Битола

Преземени институционални мерки по пријава за проблем во станбена зграда во Битола
Vero

По вчерашното информирање на јавноста за проблемот во станбената зграда на улицата „Климент Охридски“ бр. 19 во Битола, Општина Битола веднаш презеде активности преку Секторот за општински инспекторат, информираат од локалната самоуправа.

Од општината наведуваат дека веднаш по објавата се прибавени информации од управителот на зградата, кој известил дека проблемот потекнува од стан во сопственост на лице кое починало, а сè уште нема законски наследник. Поради тоа, управителот нема овластување да влезе во станот без судско одобрение.

На итен состанок со претставник од СВР Битола било утврдено дека надлежноста за натамошно постапување ја има Основниот суд Битола. Управителот на станбениот сервис е задолжен да поднесе барање до судот за отпочнување на постапка со која ќе се обезбеди законски пристап до станот.

По добивање на правосилна судска одлука, управителот ќе изврши целосно чистење на станот. Во соработка со Центарот за јавно здравје, ќе се спроведе и итна дезинфекција на заедничките простории и на самиот стан, со присуство на овластени служби.

Општина Битола останува во координација со сите надлежни институции со цел навремено и законито решавање на проблемот и заштита на здравјето на граѓаните.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран