УТРО.мк

Јапонските компании меѓусебно се договорија да им ги покачат платите на работниците

Јапонските компании меѓусебно се договорија да им ги покачат платите на работниците
Vero

Јапонските компании се согласиле да ги зголемат платите во просек за 5,25 отсто, соопшти денес најголемиот синдикат во земјата, по завршените преговори со синдикалните организации.

Ова е втора година по ред како зголемувањето на платите ја надминува границата од пет отсто, иако порастот на платите не го следеше темпото на тековната инфлација, пренесува Japan Today.

Јапонската конфедерација на синдикати, позната како Ренго, објави дека преговорите за плати, кои ги опфатија повеќе од 5.000 синдикални организации, покажале дека просечното месечно зголемување изнесува 16.356 јени (околу 110 долари).

Ова е првпат по 33 години платите две години по ред да растат повеќе од пет отсто.

Сепак, платите во малите и средни претпријатија заостануваат зад оние во поголемите компании, со просечно зголемување од 4,65 отсто.

Од Ренго истакнуваат дека значително се зголемил бројот на компании кои одлучиле да ги зголемат платите.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран