УТРО.мк

Меџити: Над 1,8 милиони евра за модерна инфраструктура во Чаир

Меџити: Над 1,8 милиони евра за модерна инфраструктура во Чаир
Vero

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, објави значајна инвестиција во општина Чаир, каде што се реализира проект за унапредување на локалната инфраструктура со вкупна вредност од над 1,8 милиони евра.

Како дел од проектот, денес беше успешно завршено асфалтирањето на улицата Дижонска. Проектот опфати изградба на 180 метри фекална канализација, како и подготовки за поставување нова водоводна мрежа, која ќе обезбеди сигурно и квалитетно водоснабдување за 35 домаќинства во оваа урбана зона.

„Овој инвестициски циклус е конкретен доказ за нашата заложба да ги подобриме условите за живот во секоја населба на Чаир. Со ВЛЕН во влада, развојот се чувствува, а промените се гледаат,“ истакна Меџити.

Инфраструктурниот напредок во Чаир е дел од пошироката визија на Владата и коалицијата ВЛЕН за рамномерен развој, подобра животна средина и модерна урбана инфраструктура во сите делови на државата.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран