УТРО.мк

Зеленски: Никогаш досега не сме имале толку продуктивен разговор со Трамп

Зеленски: Никогаш досега не сме имале толку продуктивен разговор со Трамп
Vero

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговиот последен телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп бил најконструктивен од почетокот на нивната билатерална комуникација.

„Тоа беше, веројатно, најдобриот разговор што сме го имале – полн со конкретни резултати и конструктивна содржина,“ изјави Зеленски, нагласувајќи дека главна тема била воздушната одбрана, со акцент на потенцијалната испорака на американскиот противвоздушен систем „Патриот“.

Зеленски му се заблагодари на Трамп за досегашната поддршка и изрази надеж дека САД ќе продолжат да ја поддржуваат Украина во одбраната од руската агресија.

Оваа изјава доаѓа во период кога Украина се соочува со засилени ракетни напади и бара нови механизми за заштита на својата цивилна и критична инфраструктура.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран