УТРО.мк

Врховниот лидер на Иран за прв пат се појави во јавност по војната со Израел – откриена и главната причина

Врховниот лидер на Иран за прв пат се појави во јавност по војната со Израел – откриена и главната причина
Vero

Иранскиот врховен лидер, ајатолах Али Хамнеј, денеска јавно се појави на церемонијата по повод Ашуура, што претставува негово прво јавено појавување од почетокот на конфликтот меѓу Иран и Израел.

За шиитските муслимани во Иран, Ашуура е ден на жалост кога секоја година се одбележува смртта на Хусеин ибн Али, внукот на пророкот Мухамед и третиот шиитски имам.

Отсуството на Хамнеј од јавноста до Ашуура укажува на внимателен пристап кон неговата безбедност, бидејќи тој носи конечни одлуки за сите важни прашања во земјата, наведува агенцијата АП.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран