УТРО.мк

МВР со детали за синоќешната несреќа на “Партизанска”: Три лица повредени, материјалната штета околу 200.000 денари

МВР со детали за синоќешната несреќа на “Партизанска”: Три лица повредени, материјалната штета околу 200.000 денари
Vero

На 04.07.2025 година во 23,25 часот на крстосницата на булеварот „Партизански одреди“ со улицата “Лондонска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Рено каптур“ управувано до Д.И. (20) од Скопје и патничко возило марка „Ауди А-5“ управувано од Е.С. (20) исто така од Скопје.

Во несреќата со телесни повреди се здобиле Е.С. како и неговите двајца сопатници А.И. (26) и Е.Б. (21) а констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ и тие сите се пуштени на домашно лекување. Увид е извршен од увидна екипа при СВР Скопје а причинета е материјална штета од околу 200.000 денари.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран