
Синоќа по полноќ, три патнички возила беа зафатени во пожар на булеварот „Видое Смилевски Бато“ во населбата Аеродром.
Според информациите од Министерство за внатрешни работи, огнот започнал во 00:13 часот во возило „Сеат Леон“ сопственост на 48-годишниот С.Д. од Скопје, по што брзо се проширил на два соседни паркирани автомобили – „Хјундаи“ на 74-годишен сопственик и „Опел Мерива“ од Долно Лисиче.
Екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје интервенирала и го локализирала пожарот, спречувајќи уште поголема штета на околните возила. Според МВР, повредени лица нема.























