УТРО.мк

Меџити: Новото фудбалско игралиште на ФК Шкупи е инвестиција во младите и спортот

Меџити: Новото фудбалско игралиште на ФК Шкупи е инвестиција во младите и спортот
Vero

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, информираше дека е завршен уште еден значаен проект за развој на спортската инфраструктура во општината – помошното игралиште на стадионот на ФК Шкупи.

Како што соопшти Меџити, промоцијата на новото игралиште се одржала по ифтар во пријатна атмосфера, при што било истакнато дека инвестицијата е целосно реализирана со средства од буџетот на Општина Чаир.

„На површина од околу 3.500 квадратни метри изградивме фудбалско игралиште со вештачка трева според современи стандарди, опремено со систем за дренажа и целосно осветлување, што овозможува негово користење во текот на целата година“, истакна Меџити.

Тој нагласи дека со оваа инвестиција се создаваат подобри услови за тренинг и развој на младите фудбалери, како и дополнителен поттик за развој на спортот и продолжување на фудбалската традиција во овој дел од градот.

Меџити упати благодарност и до поранешниот градоначалник на Чаир, Висар Ганиу, како и до претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, кои, како што рече, ги поставиле темелите на овој проект.

„Продолжуваме со работа и инвестиции, со проекти кои го поддржуваат талентот и му го даваат на спортот просторот што го заслужува“, порача Меџити.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран