
Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре (11 март) делови од Скопје ќе останат привремено без електрична енергија, информираат надлежните служби.
Во општина Карпош, од 08:30 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците на булевар „Партизански одреди“ бр. 125-2.
Во општина Ѓорче Петров, прекин на електричната енергија е планиран од 09:00 до 13:00 часот за дел од корисниците на улицата „Шидска“, во близина на менувачницата „Срна“.
Во населбата Лисиче, од 09:00 до 14:00 часот без електрична енергија ќе останат дел од корисниците на улицата „Тодор Чангов“ кај број 30, како и дел од корисниците на истата улица кај број 38.
Планиран прекин на струјата ќе има и во населбата Драчево, каде од 11:00 до 13:00 часот без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците на улицата „Ѓорѓи Динката“, во близина на основното училиште „Кузман Шапкарев“.























