УТРО.мк

Утре повеќе делови од Тетово ќе бидат без струја

Утре повеќе делови од Тетово ќе бидат без струја
Vero

Поради планирани технички зафати на електродистрибутивната мрежа, утре повеќе делови од Тетово и околните населени места ќе останат без електрична енергија во одредени временски периоди.

Според најавата, на 12 март без струја од 09:00 до 12:00 часот ќе бидат делови од населбата Деребој, односно објектите во близина на новата џамија, како и делот во близина на КЕЦ Тетово кон Челјан Комерц. Во истиот период без напојување ќе бидат и објектот на КЕЦ Тетово и околните објекти.

Планиран прекин на електричната енергија од 09:00 до 14:00 часот ќе има и во дел од градот, односно објектите кои се наоѓаат во блок 70, спроти старо ЕДТКО.

Без струја ќе остане и дел од селото Ларце, и тоа во периодот од 09:15 до 14:00 часот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран