
Поради планирани технички зафати на електродистрибутивната мрежа, утре делови од Скопје ќе останат без електрична енергија во неколку скопски општини.
Според најавата, во Карпош од 08:30 до 12:30 часот без струја ќе бидат потрошувачите на улицата 1506 Скупи, како и дел од улицата Никола Карев 9 кај реката Лепенец и Стоп Енд Го.
Во истиот дел од градот, односно во Карпош, од 09:00 до 14:00 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има кај дел од потрошувачите на улицата Козле број 91.
Планиран прекин ќе има и во Ѓорче Петров, каде од 09:00 до 15:00 часот без струја ќе останат објектите на улицата Исаија Маџовски, како и делови од булеварот Васил Војвода Чакаларов и околните улици.























