УТРО.мк

(ФОТО) Инцидент во Ормутскиот теснец: Иранската армија уништи брод што се обидел да помине – Иран се закани дека нафтата ќе достигне 200 долари за барел

(ФОТО) Инцидент во Ормутскиот теснец: Иранската армија уништи брод што се обидел да помине – Иран се закани дека нафтата ќе достигне 200 долари за барел
Vero

Во услови на отворена војна која веќе 12 дена се води меѓу Израел и САД од една страна и Иран од друга, нов сериозен инцидент е пријавен во Ормутскиот теснец, еден од најважните светски поморски коридори за транспорт на нафта.


Според информации објавени на социјалните мрежи и меѓународни канали, брод се обидел да помине низ Ормутскиот теснец, по што реагирала иранската армија, која отворила оган кон пловилото. Според објавените фотографии, бродот претрпел сериозни оштетувања и бил практично уништен по нападот.


На фотографиите се гледа товарен брод зафатен од пожар, со големи оштетувања на трупот, што укажува на директен вооружен напад додека пловел низ теснецот.


По инцидентот, портпарол на иранската компанија „Хатам ал-Анбија“ предупреди дека доколку конфликтот продолжи да се интензивира, цената на нафтата на светските пазари може да достигне и до 200 долари за барел.
Такво сценарио би предизвикало силен шок на глобалните енергетски пазари и значителен раст на цените на горивата и транспортот ширум светот.


Ормутскиот теснец – „енергетската артерија“ на светот
Ормутскиот теснец се наоѓа помеѓу Иран и Оман и претставува еден од најстратешките морски премини на планетата. Низ него секојдневно минуваат огромни количини на нафта од земјите од Персискиот Залив кон Европа, Азија и другите светски пазари.


Енергетските аналитичари проценуваат дека околу 20 проценти од глобалната трговија со нафта се одвива токму преку овој теснец, поради што секој воен инцидент во регионот веднаш влијае врз цените на енергенсите.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран