УТРО.мк

Нутелата поскапува? Ова е главната причина за тоа

Нутелата поскапува? Ова е главната причина за тоа
Vero

Скапа Нутела? Причината е најсилниот пролетен мраз во последната деценија

Љубителите на Нутела можеби наскоро ќе треба да платат повисока цена за својот омилен производ, откако најсилниот пролетен мраз во последните десет години значително го намали родот на лешници во Турција.

Италијанската компанија Фереро, производител на Нутела, користи околу четвртина од вкупното турско производство на лешници за своите производи. Лешникот сочинува приближно 13 отсто од составот на Нутела, а компанијата годишно произведува милиони тегли од овој намаз.

Големопродажните цени на лешниците во Турција, која покрива околу 65 отсто од светската производство на овој јаткаст плод, од април се зголемени за околу 30 проценти, а се очекува и понатамошен раст, пренесува Блумберг.

Од Фереро соопштуваат дека временските непогоди можат да влијаат на снабдувањето од Турција, но во моментот не очекуваат прекин во испораките, благодарение на алтернативни извори од Италија, Чиле и САД.

Меѓународниот совет за јаткасти и суви плодови предупредува дека светскиот пазар не може целосно да ја надомести турската продукција на лешници.

Овој недостиг на лешници се случува во време кога потрошувачите веќе се погодени од поскапувања на кафе, какао и маслиново масло, предизвикани од климатските промени ширум светот.

Стручњаците истакнуваат дека климатските промени сè почесто предизвикуваат предвремено разбудување на овошките и рана вегетација, што ги прави ранливи на касни мразеви, со што се намалува приносот и квалитетот на овошјето.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран