Денеска попладне, во 14:24 часот по локално време, во Мраморното Море е регистриран земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала, информира Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот се наоѓал на околу 36 километри јужно од турскиот град Силиври и 47 километри југозападно од населбата Бујукчекмеџе, на западниот раб на Истанбул. Подземните потреси биле на длабочина од 12 километри.
Засега нема информации за причинета материјална штета или повредени лица. Властите апелираат на смиреност и внимателно следење на евентуални последователни потреси.