УТРО.мк

“Изгледа како кралица, но подобро да молчи”: Меланија Трамп со стил како кралица, но изјавата за болните деца предизвика бран негативни реакции

“Изгледа како кралица, но подобро да молчи”: Меланија Трамп со стил како кралица, но изјавата за болните деца предизвика бран негативни реакции
Vero

Првата дама на САД, Меланија Трамп, неодамна ја посети Националната детска болница во Вашингтон по повод американскиот Ден на независноста. Облечена во елегантна комбинација — бела кошула со принт и балетанки, таа им подари на децата плишани играчки со натпис: „Биди најдобар/а“ и разговараше со нив за музика, спорт и омилени десерти.

Меѓутоа, нејзината изјава дека децата ќе можат следната година да ја посетат Белата куќа „ако оздрават“, предизвика бран негативни реакции во јавноста. Дополнително, некои беа изненадени што спомна и присуство на борбени авиони на прославата, што го сметаат за несоодветно во разговор со болни деца.

Критиките беа насочени и кон нејзината наводна незаинтересираност за посетата, како и кон политиките на нејзиниот сопруг Доналд Трамп, особено во областа на здравствената нега и имиграцијата. Коментарите на социјалните мрежи укажуваат на иронијата што токму Меланија, како доселена Словенка, им се обраќа на американски деца за Денот на независноста.

И покрај негативните реакции, стилот на Меланија Трамп останува речиси неприкосновен – таа сè почесто избира класични и софистицирани комбинации, што повторно го потврди и на неодамнешното одбележување на 250 години од американската војска.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран